• среда, 25 декември 2024

Исчистени и затворени дивите депонии во три села во општина Чешиново-Облешево

Исчистени и затворени дивите депонии во три села во општина Чешиново-Облешево

Кочани, 19 април 2023 (МИА) – Исчистени и затворени се три нелегални депонии за комунален и друг вид отпад на територијата на општина Чешиново-Облешево, а локациите се уредени и вратени во претходната состојба.

По неодамнешното расчистување на локацијата кај селото Чифлик, што жителите ја користеа за исфрлање отпад, слични активности се реализираа и кај селата Спанчево и Чешиново, каде повеќегодишните диви депонии веќе не се во функција.

Од Општина Чешиново-Облешево истакнаа дека со механизција целосно е исчистен и дислоциран отпадот, а просторите се преуредени. На местата каде што имаше купишта ѓубре, нанесен е слој од земја, а локациите се израмнети и средени.

Чистењето на отпадот и затворањето на дивите депонии ќе продолжи и во другите населени места во општината. Локалната самоуправа упати јавен повик до граѓаните да ги почитуваат забраните за исфрлање отпад од домаќинствата и заеднички да се грижат за чистата и здрава животна средина.

Расчистувањето на дивите депонии на територијата на општина Чешиново-Облешево е дел проектот за изградба на регионални депонии во државата, со кој треба да се реши проблемот со загадувањето на животната средина.

Слични активности се почнати и во општините Кочани и Виница, за што веќе е избрана фирмата „Ескаватори МК“, која ја презема обврската да го спроведе расчистувањето и уредувањето на дивите депонии во Источниот плански регион. та/цр

 

фото: Општина Чешиново-Облешево

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан