Исчистена околу 40 километри каналска мрежа за наводнување во Тиквешко
- Исчистена е околу 40 километри каналска мрежа на хидромелиоративниот систем ,,Тиквеш" што обезбедува вода за наводнување на земјоделските култури во петте општини, Кавадарци, Неготино, Росоман, Демир Капија и Градско. Ова го изјави денеска за МИА, директорот на подружницата на АД Водостопанство, ,,Тиквеш" од Кавадарци, Атанас Ризов.
Кавадарци, 28 јануари 2025 (МИА) - Исчистена е околу 40 километри каналска мрежа на хидромелиоративниот систем ,,Тиквеш" што обезбедува вода за наводнување на земјоделските култури во петте општини, Кавадарци, Неготино, Росоман, Демир Капија и Градско. Ова го изјави денеска за МИА, директорот на подружницата на АД Водостопанство, ,,Тиквеш" од Кавадарци, Атанас Ризов.
- Останува да се исчистат уште околу 130 километри до 15 април. Се чисти рачно и машински, некои делови од системот се приспособуваат по подолго време. Истовремено се отстрануваат дефекти на каналите и возилата, се санираат оштетувања и се приспособуваат сите системи за наводнување за претстојната наводнувачка сезона, се доекипираат екипите што работат на терен, вода за наводнување ќе има навремено, појасни Ризов.
Од овој систем се наводнуваат околу седум илјади хектари земјоделска површина, зависно од сезоната. свд/дма/
Фото: МИА