• недела, 28 јули 2024

Исчезнатата 37-годишна жителка на пехчевското село Панчарево се вратила во својот дом

Исчезнатата 37-годишна жителка на пехчевското село Панчарево се вратила во својот дом
Пехчево, 23 март 2021 (МИА) - Триесет и седум годишната жена која на 21 март беше пријавена за исчезната се вратила во својот дом во пехчевското село Панчарево.
-На 22 март 2021 во 22:30 во полициската станица во Берово лицето Б.Т (81) од Панчарево, пријавил дека 37-годишната (В.С.) се вратила во својот дом. Претходно, на 21 март 2021 истото лице пријавило дека неговата сосетка го напуштила својот дом и заминала во непознат правец, се вели во соопштението од полицијата.
Претходно жителите на Панчарево два дена трагаа по 37-годишната (В.С,) која според нивните кажувања е лице со здравствени проблеми. вс/мд/

Остани поврзан