• петок, 04 октомври 2024

Истрели и експлозија за време на протестите во Иран

Истрели и експлозија за време на протестите во Иран
Техеран, 10 октомври 2022 (МИА) - За време на денешните протести во иранскиот град Санандаџу поради убиството на Махса Амини се слушнаа истрели и експлозија. - Насилството ескалира утрово во Санандаџу, главниот град на иранската провинција Курдистан, како и во селото Салас Бабаџани, во близина на границата со Ирак, соопшти курдската организација Организација за човекови права Хенгав. Наводно, безбедносните сили убиле маж во селото Салас Бабаџани. Протестите во Иран почнаа на 17 септември, по погребот на Амини, која беше убиена од полицијата за морал поради неправилно носење хиџаб. ми/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан