• сабота, 23 ноември 2024

Истражување: 40 отсто од студентите се зависни од „смартфоните“

Истражување: 40 отсто од студентите се зависни од „смартфоните“
Лондон, 2 март 2021 (МИА) - Четворица од десет студенти во Велика Британија, се зависни од паметните телефони и таа навика неретко им предизвикува проблеми со спиењето, покажува ново истражување на Кралскиот колеџ во Лондон. Во испитувањата се опфатени 1.043 студенти на возраст од 18 до 30 години, а 406 од нив покажале зависност од современите паметни уреди. Повеќе од две третини од зависниците имаат проблеми со спиењето, а младите кои користат телефони по полноќ, или пак, четири или повеќе часови на ден, се изложени на најголем ризик од развивање зависност од новите технологии.  си/ссм/

Остани поврзан