• сабота, 23 ноември 2024

Истражување: Прегратката го прави детето поинтелигентно

Истражување: Прегратката го прави детето поинтелигентно

Лос Анџелес, 1 март 2024 (МИА) - Секојдневната прегратка, што родителите можат да му ја пружат на детето - е всушност една од најважните нешта во корист на здравиот психофизички развој кај малечките.

Испитувања спроведени од Националната детска болница во американската сојузна држава Охајо, покажуваат дека децата - колку повеќе се гушкани од родителите, толку се и попаметни. Имено, детето кое често добива прегратки е посреќно, позадоволно, посвесно за себе, па така е и поинтелигентно, побрзо расудува, подобро памети и знае како да се справи со разните и различни животни предизвици.

Споменатото истражување посочува и дека на децата им се потребни: четири прегратки дневно за среќно детство, осум за одржување на задоволството и 12 прегратки за самодоверба и за развој.

Важно е и времетраењето на прегратката. Имено, кога се гушкаме седум до 20 секунди, се ослободува окситоцин - познатиот хормон на среќата. Допирите и прегратките не само што го зголемуваат нивото на окситоцин, туку и ја намалуваат опасноста од кардиоваскуларни болести и го подобруваат имунолошкиот систем, и кај децата и кај возрасните.  си/сд/

Фото: Пиксабеј

Остани поврзан