• понеделник, 23 декември 2024

Истражување: Ефикасноста на Фајзер и на Модерна е 66 проценти против делта сојот

Истражување: Ефикасноста на Фајзер и на Модерна е 66 проценти против делта сојот
Вашингтон, 25 август 2021 (МИА) - Ефикасноста на вакцините на Фајзер и на Модерна против Ковид-19 е намалена од 91 на 66 отсто откако делта сојот е доминантен во САД, покажуваат резултатите од студијата што ја испитуваше ефикасноста во реални услови. Во студијата учествуваа илјадници вработени во центрите за нега и болниците во шест американски сојузни држави. Тие биле тестирани секоја недела за да се утврди дали има симптоматски или асимптоматски знаци на болеста. Според авторите на студијата падот на ефикасноста најверојатно е предизвикан од делта сојот. Делта сојот во САД е доминантен од почетокот на јули, кој е потврден кај 98 отсто од заразените. ми/

Остани поврзан