• четврток, 07 ноември 2024

Истражување: Една-третина од штетните гасови потекнуваат од производството на храна

Истражување: Една-третина од штетните гасови потекнуваат од производството на храна
Вашингтон, 9 март 202 (МИА) - Во истражувањето објавено во списанието „Нејчр фуд“ (Nature Food) се истакнува дека една-третина од штетните гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина потекнуваат од производството, пакувањето, дистрибуцијата и уништување на отпадот од храната за човекот. Исто така до зголемување на штетните гасови придонесува и проширувањето на земјоделското земјиште и уништувањето на шумите. Во студијата се посочува дека е потребна трансформација на системите за храна, што би довело до поефикасно намалување на емисиите н а штетни гасови. Емисиите на штетни гасови од производството на храна се регистрирани од 1990 до 2015 година, додека во новите пресметки се вклучени и подготовката на храна и отстранување на отпадот од истата. Емисиите на штетни гасови, што предизвикуваат ефект на стаклена градина од системот за храна во 2015 година изнесуваче 34 отсто од вкупните штетни гасови, а околу половина од нив се јагледрод диоксид, произведен при обработка на земјиштето, пакувањето , транспортот и претаботката на храна. Додека една-третина од емисиите се метан, кој потекнува главно од сточарството, но и од производството на ориз и друго. Додека останатиот дел се од азотен оксид што потекнува од земјоделските ѓубрива. Во студијата се посочуваат и земјите кои емитуваат најмногу штетни гасови од системот за храна. На прво место е Кина (со 13,5 отсто), потоа следат Индонезија (8,8), САД (8,2), Бразил (7,4) и земјите-членки на Европска Унија (6,7) и Индија (6,3 проценти). Обединети нации неодамна објавија дека во 2019 година 17 проценти од достапната храна во светот односно речиси една милијарда тони храна била фрлена од домаќинствата, продавниците и институциите. ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан