• вторник, 24 декември 2024

Истрага за десничарски политичари во Германија кои дистрибуирале расистичка боенка

Истрага за десничарски политичари во Германија кои дистрибуирале расистичка боенка
Берлин, 19 февруари 2020 (МИА) - Полицијата во западна Германија покрена истрага против група екстремно десничарски политичари во врска со тврдењата дека дистрибуирале расистичка книга за боенка. Регионалната фракција на партијата Алтернатива за Германија (АфД), наводно, ги поделила книгите на настан во покраината Северна Рајна-Вестфалија, јави Би-Би-Си. На спорните илустрации се прикажани карикатури на мажи со пушки под турско знаме и жени кои носат марами во базен. Полицијата соопшти дека групата е обвинета за поттикнување, но таа ги отфрли критиките нарекувајќи ги „напад на слободата на уметноста и сатирата“. АфД, најголемата опозициска партија, последните години има голема популарност, но често е осудувана во јавноста поради своите екстремни погледи на миграцијата, слободата на говорот и печатот. паг/

Остани поврзан