• вторник, 24 декември 2024

Истрагата за смртта на Метју Пери при крај

Истрагата за смртта на Метју Пери при крај

Лос Анџелес, 26 јyни 2024 (МИА) - Истрагата за смртта на американскиот глумец Метју Пери е при крај и полицијата верува дека треба да бидат обвинети повеќе луѓе, изјави полициски извор за списанието „Пипл“ (People).

Ѕвездата на „Пријатели“ почина во октомври 2023 година. Првично се мислеше дека неговата смрт е случајна, но извештајот од обдукцијата покажа дека тој починал од акутни ефекти на „Кетамин“ и давење. Според цитираниот извор, американското Државно обвинителство периодов ќе ја донесе конечната одлука дали ќе поднесе, или не, обвинение. Правобранителството соопшти дека засега „нема коментар“ за написите за случајот.

Во декември, судскиот вештак во Округот Лос Анџелес ја затвори истрагата за смртта на Пери, но во мај оваа година, полицијата повторно ја отвори истрагата за да утврди кој му дал „Кетамин“ на глумецот. Минатата недела истрагата доби нов тек, кога е пребарана куќата на позната јавна личност - жена, а одземени ѝ се мобилен телефон и лаптоп.

Со засега неименуваната жена извршени се повеќе полициски разговори откако Полицискиот оддел на Лос Анџелес постигнал „значаен напредок во нивната истрага што почна во мај“, изјави неименуван извор за „Ин тач“ (In Touch). 

Неименуваната жена „целосно соработувала“ со органите на законот. Изворот навел дека жената и ѕвездата на „Пријатели“ претходно се запознале на рехабилитација, каде што започнало „неочекувано пријателство“.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан