• среда, 28 август 2024

Источна Европа погодена од нов бран на Ковид-19

Источна Европа погодена од нов бран на Ковид-19
Скопје, 27 октомври 2021 (МИА) - Во земјите од Источна Европа регистрирани се рекорден број на новозаболени од Ковид-19, како и зголемен број на смртни случаи. Русија, Бугарија, Чешка, Унгарија, Романија и Полска се погодени од нов бран на конавирусот. Во Русија денеска се потврдени 1.123 смртни случаи, што е највисока дневна бројка од почетокот на пандемијата. Во изминатите 24 часа регистрирани се 36.582 новоинфицирани лица, од кои 5.789 во Москва. Во Бугарија за еден ден забележани се 6.813 новозаболени лица, што е најголема дневна бројка. Бугарија има најмал процент на вакцинирани луѓе од земјите-членки на Европска Унија. Во изминатите 24 часа починале 124 луѓе, со што вкупниот број на смртни случаи се искачи на 23.440. Чешка со население од 10,7 милиони жители денеска пријави 6.274 новозаболени, што е двојно повеќе од пред една недела. Во Чешка 6,06 милиони луѓе примиле две дози вакцина против Ковид-19. Во Унгарија денеска регистрирани се 3.125 новозаразени, што е највисока бројка од април годинава. Во земјата досега од последици од коронавирусот вкупно починале 30.647 луѓе, а вакцинирани се околу половина од населението. Романија е најпогодена земја од новиот бран на Ковид-19, а стапката на смртност е највисока во светот. Додека во Полска денеска пријавени се 8.361 новозаразени и 133 смртни случаи. Од почетокот на пандемијата со Ковид-19 се инфицирале околу три милиони луѓе, а починале 76.672 лица. ми/

Остани поврзан