• сабота, 23 ноември 2024

Историски успех за македонското таеквондо, Георгиевски обезбеди настап на ОИ во Токио

Историски успех за македонското таеквондо, Георгиевски обезбеди настап на ОИ во Токио
Софија, 8 мај 2021 (МИА) – Таеквондистот Дејан Георгиевски е првиот македонски спортист кој обезбеди настап на претстојните Олимписки игри во Токио, откако денеска триумфираше во категоријата над 80 килограми на квалификацискиот турнир во Софија. Георгиевски ја обезбеди олимписката норма, прва во историјата за македонското таекводно, на денот кога го прославува својот 22. роденден со максимален ефект, совладувајќи го, притоа, во финалето со 13:6 актуелниот олимписки шампион Радик Исаев од Азербејџан. На олимписките квалификации во Софија вчера настапија и Филип Додевски во категоријата под 80 килограми и Анамарија Георгиевски во категоријата под 67 килограми. Настапот на македонските таеквондисти на квалификациите во бугарската престолнина го следеа претседателот на Македонскиот олимписки комитет Дејан Димевски и спортскиот директор Владимир Богоевски. ег/са/

Остани поврзан