• четврток, 29 август 2024

Историски најголеми пожари во Орегон, изгореа 5.700 квадратни километри земја

Историски најголеми пожари во Орегон, изгореа 5.700 квадратни километри земја

Портланд, 10 август 2024 (МИА) - Шумските пожари во Орегон, на крајниот запад на САД, изгореа повеќе земја оваа година отколку во која било година од почетокот на евидентирањето, соопштија властите.

„Во пожарите изгореа повеќе од 5.700 квадратни километри земја“, изјави портпаролката на Северозападниот меѓуагенциски координативен центар, Керол Коноли.

„Тоа е повеќе од која било година откако започна евиденцијата во 1992 година и го надминува претходниот рекорд поставен во 2020 година“, додаде Коноли.

Таа рече дека годинава имало 71 голем пожар. Тоа се пожари кои зафаќаат повеќе од 40 хектари дрвја или 120 хектари ливади или грмушки.

Во Орегон во тие пожари изгореа 32 куќи.

Имаше повици за евакуација низ Орегон, пред се во руралните и планинските области, а некои беа во близина на главниот град Портланд. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан