• вторник, 24 декември 2024

Истекува рокот за поднесување на ДДВ пријава, повеќе од половина од даночните обврзници се уште не ја поднеле

Истекува рокот за поднесување на ДДВ пријава, повеќе од половина од даночните обврзници се уште не ја поднеле

Скопје, 22 јули 2024 (МИА) - Управата за јавни приходи денеска соопшти дека нешто повеќе од половина од даночните обврзници се уште немаат поднесено ДДВ-04 пријава, а рокот истекува во четврток.

Согласно податоците на УЈП, од вкупно 40 509-те даночни обврзници, ДДВ-04 пријава поднеле 19.030 обврзници, а 21 479 обврзници тоа треба да го сторат до четврток.   

- УЈП уште на почетокот на месецов информираше и апелираше за навремено поднесување на ДДВ-04 пријава. Укажуваме да се прифатат досегашните повици од Управата за јавни приходи  и да се избегнат последици, со оглед на тоа дека законот пропишува глоба за непостапување, односно неподнесување на даночната пријава во законски пропишаниот рок, се наведува во соопштнието од УЈП. бак/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан