• вторник, 17 декември 2024

Истанбулското обвинителство истражува внесување на голема сума фалсификувани долари

Истанбулското обвинителство истражува внесување на голема сума фалсификувани долари

Истанбул, 28 ноември 2024 (МИА) - Истанбулското обвинителство отвори истрага за дистрибуирање на голема количина фалсификувани долари во различни делови на Турција, објави Си-Ен-Ен Турк.

Според информациите, се смета дека на пазарот се пуштени фалсификувани банкноти со апоени од 50 и 100 долари, во вкупна вредност од 600 милиони долари.

Според економскиот портал „Економим“, вкупната сума на фалсификувани долари внесени во Турција веројатно надминува една милијарда долари, а најголемиот дел се апоени од 50 долари.

Фалсификуваните долари главно се внесени од Сирија, Иран и земји од Балканот, наведуваат експерти.

Во градовите Газиантеп, Анталија, Измир и Истанбул е потврдена нивната присутност. ссм/

Остани поврзан