• среда, 25 декември 2024

Исправна и безбедна за пиење е водата од стариот извор во тетовско Фалише

Исправна и безбедна за пиење е водата од стариот извор во тетовско Фалише

Тетово, 24 февруари 2023 (МИА) - Водата од старата бушотина/стар извор во тетовско Фалише е исправна за пиење, покажаа испитувањата на Центарот за јавно здравје во Тетово. Граѓаните до денеска имаа препорака да ја користат како техничка вода, но од сега може да ја користат и за пиење.

Цел февруари, Фалише и Сараќино немаа вода за пиење поради дефект на системот кој носи вода од реонот на Палчиште/Калник, па комуналното претријатие го активираше овој подземен извор со вода, а почна да се копа и нова подлабока бушотина како трајно решение за водоснабдувањето.

- Резултатите од анализата на водата за пиење од стариот бунар, односно бушотина во село Фалише која беше вклучена во водоводната мрежа и за која имаше препорака да се користи како техничка вода, се исправни, и по квалитет и по микробиолошки критериуми како вода за пиење. Така да може да се користи како вода за пиење, додека не се извршат овие финалните работи хлоринатор, оградување и анализи на новата бушотина. До тогаш може да се користи како вода за пиење, информира д-р Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје.

Старата бушотина има пет литри вода во секунда издашност и не ги задоволува потребите за двете села. Новата ќе има изданошност од 15 литри во секунда.

- Наша препорака е да се користат количините вода и од старата и од новата бушотина. Но тоа треба да види ЈКП Тетово поради електрична енергија и другите технички параметри кои се од нивен домен. Сега вршиме испитувања за квалитетот на водата од новата бушотина. До крај на идната недела очекувам да имаме конечни резултати. Уште е рано да имаме добри резултати затоа што сè уште градежни работи се прават таму, информираше Давидовски.

За новата бушотина се гради станица за хлорирање, со што ќе има постојани дезинфекција на водата за пиење. Овој извор на вода се бараше на 50-тина метри подземја и се смета како долгорочно решение за водоснабдувањето за Фалише и Сараќино. ас/цр

фото: Фалише - МИА архива 

фото: со вода - Општина Тетово 

Остани поврзан