• среда, 18 февруари 2026

Искастрени крошните на дрвјата во централното подрачје на Велес

Искастрени крошните на дрвјата во централното подрачје на Велес

Велес, 17 февруари 2026 (МИА) - Екипите на Работната единица „Паркови и зеленило при ЈКП„Дервен“ деновиве извршија кастрење на крошните во централното градско подрачје на Велес на улица „8 Септември“, на потег од Поштата до Градскиот Саат. Деновиве ќе се изврши и кастрење и на дрворедите на уште две главни градски улици „Алексо Демниевски“ и „Панко Брашнаров“, информира за МИА Тодорка Пенкова Андреевска портпарол на ЈКП „Дервен“.

Како што појаснија од ЈКП„Дервен“, станува збор за редовна активност на градските дрвореди пред станбените згради и до тротоарите што се изведува на секои четири години. Тие појаснуваат дека целта е да се контролира разгранувањето на крошните поради обезбедување природна светлина за граѓаните во колективните и други станбени објекти, како и да се спречи кршење и паѓање гранки врз автомобилите паркирани на улица.

Оттаму најавија дека во текот на март ќе извршат засадување нови садници на дрвца на сите градски улици и пред јавни објекти каде дрвцата се исушиле, биле уништени или исечени.Тие најавија и дека ќе засадат и нови дрвца на повеќе јавни површини низ Велес. ад/нд/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан