Иселеници од Берово донираа детски реквизити за детската градинка ,,23 Август" во с.Русиново
- Иселеници од Берово донираа детски реквизити за потребите на детската градинка „23 Август" во селото Русиново. Донацијата се состои од нагледни средства кои се очекува да влијаат на подобрување на условите за работа во установата.
Берово, 28 ноември 2024 (МИА) - Иселеници од Берово донираа детски реквизити за потребите на детската градинка „23 Август" во селото Русиново. Донацијата се состои од нагледни средства кои се очекува да влијаат на подобрување на условите за работа во установата.
-Донаџијата се состои од детски играчки, преносен компјутер (лаптоп), принтер и машина за садови, кои се донација од нашите исселеници од с. Русиново- Берово, Горан Буровски, Дарко Поповски, Сашко Механџиски, Дејан Механџиски, Димче Страторски и Даниел Костевски. Ја поздравив донацијата и упатив посебна благодарност до донаторите и до претседателот на месната заедница од с. Русиново – Игор Жежовски, кој воедно е и организатор за донацијата, истакна градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски.
Донираната опрема и реквизитите, како што информираат од градинката, ќе бидат од голема корист за самата градинка „23 Август”, а со истата ќе се овозможат подобрени услови за престој на дечињата и повеќе содржини за играње.
Донаторите најавија и уште една донација за детската градинка во с. Русиново, преку која ќе бидат обновени детските реквизити во дворот од градинката.
-Ова е пример, како се сака родното место и дека каменот повеќе тежи на родното место, а големиот ум и добро срце, се секогаш моќната комбинација на луѓето кои донираат за хуманитарни цели, додаде Пекевски.
Ваквата хуманост, според градоначалникот, треба да биде пример за сите во потрагата по подобро утре за поединецот, а преку тоа и за општеството.вс/фф/
Фото: МИА