• сабота, 23 ноември 2024

ИСВ: Синот на Пригожин сака контрола над „Вагнер“

ИСВ: Синот на Пригожин сака контрола над „Вагнер“

Вашингтон, 2 октомври 2023 (МИА) - Синот на Евгениј Пригожин, 25-годишниот Павел Пригожин, презема чекори за да ја преземе командата со групата „Вагнер“, објави Институтот за проучување на војната, објави Скај њуз.

Тој преговара со руската национална гарда Росгвардија во врска со повторното вклучување на оваа платеничка организација во борбите во Украина, пренесува ИСВ, повикувајќи се на профил на Телеграм поврзан со групата.

Тие цитираа извор од „Вагнер“ кој извести дека преговорите меѓу Павел Пригожин и Националната гарда вклучиле паравоена група која го задржала своето име, симболи, идеологија, команданти и управување. мс/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан