• четврток, 04 декември 2025

Исак чека трансфер во Ливерпул

Исак чека трансфер во Ливерпул

Сан Себастијан, 31.јули 2025 (МИА) - Според британските медиуми фудбалерот на Њукасл Александер Исак тренира со својот поранешен клуб Реал Сосиедад, додека трае неизвесноста за неговата иднина во Њукасл. Шведскиот репрезентативец се наоѓа во последната година од договорот со својот клуб, но побара трансфер со цел да мине во редовите на шампионот на Премиер лигата, Ливерпул. 

Исак поради ситна повреда на бутниот мускул не отпатува со клубот на подготовките во Сингапур. Но, не продолжи да тренира во Њукасл, туку замина за Шпанија во својот претходен тим Реал Сосиедад, каде настапуваше до 2022 година. Шпанскиот клуб има право и на 10 отсто од следниот трансфер на Исак. 

За трансфер на Исак имаше интерес и од други клубови пред се Ал Хилал, но играчот стави до знаење дека сака да замине само во тимот од Енфилд.    мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан