Ирска ќе ја намали поддршката за прием на Украинците
- Ирската Влада денеска соопшти дека ќе ја намали поддршката за Украинците кои бегаат од војната, во согласност со другите европски земји.
Даблин, 12 декември 2023 (МИА) – Ирската Влада денеска соопшти дека ќе ја намали поддршката за Украинците кои бегаат од војната, во согласност со другите европски земји.
Земјата од пет милиони жители прими 101.200 луѓе од Украина, од кои 74.500 се на товар на државата.
Според ирската Влада, повеќе од 16.000 се вработени.
Според измените најавени денеска, а кои ќе стапат во сила на почетокот на следната година, новодојдените од Украина ќе имаат право на сместување во период ограничен на 90 дена и во тој период ќе имаат право на неделен надомест од 38,80 евра по возрасен (во споредба со 220 € претходно) и 29,80 евра по дете.
Мерките ќе ја доведат Ирска „во согласност со другите земји од ЕУ“ во контекст на огромниот притисок за обезбедување станови.
- Овие промени се потребни за да се осигура дека Ирска може да продолжи да ги исполнува своите обврски за давање помош на корисниците на привремена заштита во согласност со расположливото сместување и во очекување дека Ирска ќе продолжи да прима околу 500 луѓе секоја недела, соопшти Владата. јт/
Фото: МИА архива