Ирска повторно ја отвора својата амбасада во Киев
- Ирска денеска соопшти дека повторно ја отвора својата амбасада во Киев, откако таа беше евакуирана на почетокот на руската инвазија на Украина кон крајот на февруари.
Даблин, 22 август 2022 (МИА) - Ирска денеска соопшти дека повторно ја отвора својата амбасада во Киев, откако таа беше евакуирана на почетокот на руската инвазија на Украина кон крајот на февруари.
„Амбасадата ги продолжува своите активности во Киев, а главниот приоритет на нашиот тим ќе биде да ја обнови и развие нашата мрежа на контакти со претставниците на украинската влада за подобро да ги информираме за поддршката и помошта од Ирска“, наведе ирскиот министер за надворешни работи Симон Ковини.
Ирска е членка на Европската унија, која воведе санкции кон Русија по нејзината инвазија на Украина и го поддржува Киев. Сепак, Даблин одби директно да испорача смртоносно оружје на Украина, наведувајќи ја нејзината воена неутралност.
Во последниве месеци, голем број земји, вклучувајќи ги Франција, Велика Британија и САД, повторно ги отворија своите амбасади во Киев, бидејќи опколената украинска престолнина повеќе не е толку загрозена. паг/