• среда, 25 декември 2024

Ирина Шајк се гледа со холивудскиот заводник Вито Шнабел

Ирина Шајк се гледа со холивудскиот заводник Вито Шнабел
Њујорк, 1 април 2020 (МИА) - Супермоделот Ирина Шајк е фатена од папараци со своето ново момче на прошетка во Њујорк, поточно во Менхетн, пренесува „Дејли Меил“. Поранешната сопруга на глумецот Бредли Купер е забележана заедно со холивудскиот заводник Вито Шнабел (33). Toj е познат по тоа што има обичај да излегува со манекенки и глумици кои се барем неколку години постари од него - Лив Тајлер, Хајди Клум, Ел Мекфирсон, Деми Мур... Исклучок, можеби, беше неговата врсничка Амбер Хард. Неговата, наводна, нова девојка е една година повозрасна од него. Момчето се занимава со продажба на уметнички дела. си/сд/

Остани поврзан