• вторник, 24 декември 2024

Ирина Шајк во две модни тоалети во Венеција

Ирина Шајк во две модни тоалети во Венеција

Венеција, 5 септември 2022 (МИА) - Руската манекенка Ирина Шајк гостуваше на Филмскиот фестивал во Венеција, па за оваа пригода избра прилично впечатливи модни тоалети.

Топмоделката присуствуваше на премиерата на филмот „Неизмерност“ (L’immensità) минатата седмица. Се појави во готски гламурозен изглед додека чекореше по црвениот тепих во сатенски црн фустан со отворен грб. А, вечерта во саботата, пак, таа покажа уште едно привлечно издание на забавата „Џорџо Армани и Ванити Фер“. Шајк тогаш, во полупроѕирен црн горен дел го истакна совршено извајаниот стомак, надолу со црни панталони и светкави чевли. Додека за на црвениот тепих таа избра посилна шминка, за вечерта избра понеутрални тонови. Годинешното издание на Филмскиот фестивал во Венеција почна на 31 август, а ќе трае до 10 септември.  си/

Остани поврзан