• вторник, 24 декември 2024

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

Багдад, 3 февруари 2024 (МИА) - Ирачкиот премиер Мухамед Шија ал Судани прогласи тридневна жалост по американските напади во текот на ноќта.

Прес-службата на ирачкиот амбасадор соопшти дека Ал Судани прогласил тридневна жалост во сите државни оддели и институции, јавија ирачките медиуми.

-Се молиме за милоста на мачениците, членовите на нашите вооружени сили и цивилите кои беа убиени во бомбардирањето на американските сили на областите Акашат и Ал Каим, западно од провинцијата Анбар, се вели во соопштението.

САД започнаа воздушни напади во Ирак и Сирија врз повеќе од 85 цели за кои велат дека се поврзани со Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) и нејзините милиции, наводно убивајќи повеќе од 40 луѓе, како одмазда за неодамнешниот напад врз американска база во Јордан, кога загинаа тројца американски војници. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан