• сабота, 23 ноември 2024

Ирачкиот премиер Ал Судани во официјална посета на Сирија

Ирачкиот премиер Ал Судани во официјална посета на Сирија

Дамаск, 16 јули 2023 (МИА) - Ирачкиот премиер Мохамед Шија ал Судани денеска во Дамаск се сретна со сирискиот претседател Башар Асад.

Ова е прва посета на ирачки премиер на Сирија од почетокот на сириската војна во 2011 година.

Асад и Ал Судани разговараа за прашања поврзани со безбедноста на сириско-ирачката граница, долга 600 километри.

Двајцата лидери на заедничката прес-конференција изјавија дека се договориле да соработуваат во борбата против трговијата со дрога.

Судани рече дека со Асад разговарале и за борбата против сушата што владее во двете земји.

Тој додаде дека Ирак го поддржува укинувањето на американските и европските санкции против Сирија, кои беа воведени во 2011 година.

Ирак и Сирија имаат блиски економски, воени и политички врски со Иран. Багдад и Дамаск одржуваа односи за време на сирискиот конфликт, иако другите арапски земји ги повлекоа своите амбасадори и ги затворија своите амбасади во Сирија. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан