• вторник, 24 декември 2024

Иран ја објави смртта на командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда во израелски напад во Сирија

Иран ја објави смртта на командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда во израелски напад во Сирија

Техеран, 25 декември 2023 (МИА) - Иран објави дека загинал командант на Корпусот на Исламската револуционерна гарда во израелски напад во Сирија, пренесоа светските агенции. Техеран вети дека ќе се одмазди за ова убиство.

-Бригадниот генерал Рами Мусави, еден од најискусните советници на корпусот на Корпусот на гардата на исламската револуција, е убиен во напад на ционистичкиот режим што се случи пред неколку часа, соопшти Корпусот.

Иранската државна телевизија објави дека три ракети биле насочени кон Мусави во областа Саида Зеинаб, јужно од Дамаск. Телевизијата прикажа снимка на која се гледа како чад се издига над областа на сомнителниот удар.

Корпусот на Исламската револуционерна гарда го претстави генералот Мусави како офицер за логистика во Сирија за Оската на отпорот, која ги обединува групите кои се спротивставуваат на Израел.

-Нема сомнеж дека ционистичкиот режим ќе плати за ова злосторство, вети корпусот.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, која има голема мрежа на набљудувачи во Сирија, денеска извести за израелски напади врз позициите што ги користат иранските групи и либанското движење Хезболах во Сајда Зеинаб. Жителите на областа рекоа дека слушнале силни експлозии и виделе чад како се издигнуваат над него.

Иран е еден од главните поддржувачи на палестинското движење „Хамас“. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан