• среда, 27 ноември 2024

Иран: Уапсени 35 лица во врска со нападите во Керман

Иран: Уапсени 35 лица во врска со нападите во Керман

Багдад, 11 јануари 2024 (МИА) - Иранското Министерство на разузнавачки служби соопшти дека иранските власти уапсиле 35 лица во врска со нападите изведени на 3 јануари во југоисточниот град Керман, пренесува Радио Слободна Европа.

Министерството соопшти дека идентификувало еден од двајцата бомбаши самоубијци како државјанин на Таџикистан кој илегално влегол во Иран на 19 декември.

Во соопштението се наведува дека повеќе информации за вториот бомбаш самоубиец ќе бидат објавени подоцна.

Според неименуван извор, апсењата биле извршени во неколку ирански провинции.

Терористичката т.н. Исламска држава на 4 јануари ја презеде одговорноста за нападот во кој беа убиени речиси 100 луѓе, а 284 беа ранети.

Нападот беше извршен на гробиштата за време на одбележувањето на годишнината од атентатот на командантот на единицата Кудс на Револуционерната гарда на Иран, Касем Сулејмани. ссм/

фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан