• вторник, 07 април 2026

Иран со критики за МААЕ бидејќи изостана осуда за нападите во близина на нуклеарната централа Бушер

Иран со критики за МААЕ бидејќи изостана осуда за нападите во близина на нуклеарната централа Бушер

Техеран, 6 април 2026 (МИА) - Иран остро ја критикуваше Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) поради тоа што не ги осудила нападите во близина на нуклеарната централа Бушер.

Во писмо до генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, шефот на Организацијата за атомска енергија на Иран, Мохамад Еслами, го критикуваше дека не го осудил доволно силно последниот напад.

Таквиот пристап може да ги охрабри „агресорите“ да ги повторат нападите, напиша Еслами, пренесе државната новинска агенција ИРНА.

Во саботниот напад во близина на нуклеарната централа на југот од земјата загина еден припадник на обезбедувањето, а помошен објект бил оштетен. Не е пријавена штета на самата централа.

Ова е четврти пат од почетокот на војната меѓу Израел и САД кон крајот на февруари проектил да погоди во близина на централата или нејзините објекти.

Станува збор за единствената нуклеарна централа на Иран, лоцирана околу 760 километри јужно од Техеран, на брегот на Персискиот Залив. Реакторот, изграден по руски дизајн, произведува електрична енергија од 2011 година, додека руската државна компанија „Росатом“ во моментов гради втор реактор. ссм/мс/

фото: архива

Остани поврзан