• вторник, 10 март 2026

Иран соопшти дека нападнал американска воздушна база во северен Ирак

Иран соопшти дека нападнал американска воздушна база во северен Ирак

Техеран, 10 март 2026 (МИА) - Иранските вооружени сили соопштија дека нападнале американска воздушна база во северен Ирак, јави ДПА.

Базата Харир, лоцирана во автономниот регион Курдистан, била цел на напад со пет ракети, соопшти иранската државна телевизија, повикувајќи се на Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ).

За нападот засега нема официјална потврда од страна на САД. ссм/мс/

фото: архива

Остани поврзан