• вторник, 24 декември 2024

Иран се заканува со „затворање на Медитеранот“, без да каже како ќе го изведе тоа

Иран се заканува со „затворање на Медитеранот“, без да каже како ќе го изведе тоа

Техеран, 23 декември 2023 (МИА) - Командант на Иранската револуционерна гарда изјави дека Средоземното Море би можело да биде затворено доколку САД и нивните сојузници продолжат да вршат „злосторства“ во Газа, без да образложи како тоа би се случило.

- Тие наскоро ќе дочекаат затворањето на Средоземното Море, Гибралтарскиот теснец и другите водни патишта, изјави бригадниот генерал Мохамад Реза Накди, координатор на командантот на гардата, пренесува Ал Џезира.

Белата куќа претходно соопшти дека Иран е „длабоко вклучен“ во планирањето операции против комерцијалните бродови во Црвеното Море, додека бунтовниците Хути инсистираат на тоа дека не им треба помош од Иран за нападите. ссм/

фото: архива

Остани поврзан