• четврток, 26 февруари 2026

Иран распоредува нова балистичка ракета со дострел од 2.000 километри

Иран распоредува нова балистичка ракета со дострел од 2.000 километри

Техеран, 5 февруари 2026 (МИА) – Иранскиот Корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГК) за првпат ја распореди под земја новата балистичка ракета со среден дострел „Корамшахр 4“, објави денеска агенцијата Фарс.

ДПА пренесе дека ракетата, која иранските медиуми ја опишаа како најнапредна во земјата, има дострел од 2.000 километри и носивост од повеќе од еден тон експлозив.

Фарс објави дека Иран пушта во употреба нов подземен „ракетен град“ во штабот на вселенските сили на ИРГК.

Техеран, исто така, објави значителна промена во својата воена политика по 12-дневната војна со Израел минатиот јуни, преминувајќи на прв удар од претходно одбранбената позиција.

Новата ракета има за цел да демонстрира капацитет за голем прв или одмазднички удар, пренесе ДПА.

САД долго време апелираа до Иран да го ограничи дострелот на своите балистички ракети.

Техеран редовно објавува извештаи за ново вооружување и успешни тестови на оружје кои не можат да се потврдат.

Според официјалните извештаи, има неколку видови ракети со дострел до 2.000 километри, со што цели во Израел и во американските бази во Заливот се ставени во рамките на нивниот дострел, појаснува ДПА. сд/

Фото: Иранско МО

 

Остани поврзан