• понеделник, 23 декември 2024

Иран предупредува нема да остане рамнодушен во случај на тотална војна во Либан

Иран предупредува нема да остане рамнодушен во случај на тотална војна во Либан

Техеран, 26 септември 2024 (МИА) - Шефот на иранската дипломатија Абас Аракчи синоќа изјави дека регионот на Блискиот Исток е на работ на катастрофа со целосен обем поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Хамас и предупреди дека Техеран нема да остане рамнодушен во случај на војна во Либан.

Зборувајќи на маргините на Генералното собрание на ОН, Аракчи рече дека Израел ги преминал „сите црвени линии“ и дека Советот за безбедност на ОН мора да интервенира за да ги врати мирот и стабилноста.сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан