• вторник, 26 ноември 2024

Иран на Киев ќе му ги испрати црните кутии од авионот

Иран на Киев ќе му ги испрати црните кутии од авионот
Техеран, 18 јануари 2020 (МИА) - Иран во Украина ќе ги испрати црните кутии од украинскиот авион кој по грешка беше соборен на почетокот од месецов , јави денеска новинската агенција Тасним. Иранските власти исто така се подготвени експерти од Франција, Канада и САД да ги испитаат податоците од црните кутии, јави агенцијата. Во падот на авионот на 8 јануари загинаа сите 176 патници и членови на екипаж кои се наоѓаа во него. - Со помош на стручно знаење од Франција, Канада и САД, ќе се обидеме податоците од црните кутии да ги анализираме во Киев, изјави надлежниот за иранската истрага Хасан Резаифар. - Ако овој обид не успее, тогаш црните кутии ќе бидат испратени во Франција, додаде тој. јт/

Остани поврзан