• сабота, 16 ноември 2024

Иран и Либан повикаа на итен состанок на исламските земји

Иран и Либан повикаа на итен состанок на исламските земји

Бејрут, 13 октомври 2023 (МИА) – Воените злосторства на израелскиот режим против палестинскиот народ мора итно да се запрат, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи Хосеин.

Тој, на заедничка прес-конференција со либанскиот министер за надворешни работи Абдула Бухабиб во Бејрут, кажа дека е договорено итно да се одржи состанок на ниво на исламски земји, со цел, како што рече, „да се запре злосторството врз невините луѓе“.

Амирабдолахиан посочи дека САД со испраќање различни пораки до двете страни повикуваат на воздржаност, а истовремено испраќаат оружје за Израел.

-Криминалниот режим на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е вклучен во убиството на палестинските жени и деца во Газа. САД не можат да испраќаат оружје и бомби за да ги убијат Палестинците со едната рака, додека со другата ги повикуваат двете страни на воздржаност, изјави тој.

Бухабиб, пак, нагласи дека сите треба да вршат притисок врз Израел да ја прекине војната, а стабилноста во регионот, како што наведе, може да се постигне само со праведно решение за Палестина. Додаде дека разговарал со својот ирански колега за спречување на ескалација на војната. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан