Иран забрани пејџери и воки-токи на цивилните летови
- Иранската управа за цивилно воздухопловство забрани пејџери и воки-токи во авионите што вршат цивилни летови

Техеран, 12 октомври 2024 (МИА) – Иранската управа за цивилно воздухопловство забрани пејџери и воки-токи во авионите што вршат цивилни летови.
- Забрането е внесување на какви било комуникациски уреди, со исклучок на телефони во авионите, истакна портпаролот на Иранската управа за цивилно воздухопловство, Џафар Јазерло.
Одлуката е донесена откако на 17 септември во Либан во исто време експлодираа пејџерите на припадници на Хезболах, при што загинаа десетици лица, а илјада беа повредени.
На почетокот од месецот најголемата авиокомпанија на Блиски Исток, „Емирати“ со седиште во Дубаи, исто така одлучи да ги забрани пејџерите и воки-токи во авионите. ми/
фото: МИА архива