Иран дозволи премин на турски брод низ Ормуската Теснина
- Според Уралоглу, три турски пловни објекти досега успеале да ја минат ефективно блокираната водена рута од почетокот на актуелната војна на 28 февруари. Тој додаде дека на ова му претходеле интензивни преговори.
Анкара, 6 април 2026 (МИА) - Иранските власти дозволиле турски товарен брод, што превезувал сурова нафта од Ирак кон Малезија, да помине низ Ормуската Теснина во текот на ноќта, соопшти турскиот министер за транспорт, Абдулкадир Уралоглу.
Според Уралоглу, три турски пловни објекти досега успеале да ја минат ефективно блокираната водена рута од почетокот на актуелната војна на 28 февруари. Тој додаде дека на ова му претходеле интензивни преговори.
Уште осум турски брода сè уште чекаат дозвола за премин.
Турција остана неутрална во војната и работи на дипломатско решение.
Ефективното затворање на Ормуската Теснина на влезот во Персискиот Залив доведе до нагло зголемување на цените на енергентите на глобално ниво. ссм/ми/
фото: архива