Иран ги повикува авганистанските талибанци и Пакистан на деескалација на тензиите
- „За време на светиот месец Рамазан, месец на воздржаност и зајакнување на солидарноста во исламскиот свет, соодветно е Авганистан и Пакистан да управуваат и да ги решат постојните разлики во рамките на добрососедството и преку дијалог“, наведе тој, пренесува германската агенција.
Техеран, 27 февруари 2026 (МИА) - Иран ги повика владите на Пакистан и Авганистан да ги деескалираат зголемените тензии по нападите во текот на изминатата ноќ, откако претходно двата соседа со месеци ги влошуваа своите односи, јави ДПА.
Техеран е „подготвен да обезбеди секаква помош за олеснување на дијалогот“, напиша денеска шефот на иранската диплчоматија, Абас Арагчи, на платформата Икс.
„За време на светиот месец Рамазан, месец на воздржаност и зајакнување на солидарноста во исламскиот свет, соодветно е Авганистан и Пакистан да управуваат и да ги решат постојните разлики во рамките на добрососедството и преку дијалог“, наведе тој, пренесува германската агенција.
Иранската влада одржува блиски контакти со Пакистан. Нејзиниот однос со талибанците се смета за напнат, но прагматичен.
Техеран официјално не ги признал талибанците откако ја презедоа власта во 2021 година.
Долгогодишните тензии меѓу талибанската Влада во Кабул и Пакистан во текот на ноќта нагло ескалираа, при што пакистанските сили нападнаа воени цели во Авганистан како одговор на прекуграничните напади од страна на талибанците.
Исламабад го обвинува Кабул дека им нуди засолниште на милитанти кои извршуваат напади во Пакистан - обвинение што исламистичките талибанци го негираат, потсетува ДПА.сд.јт/
Фото:ДПА