• петок, 05 декември 2025

Иран ги обвини западните земји дека со резолуцијата на МААЕ бараат заострување на односите

Иран ги обвини западните земји дека со резолуцијата на МААЕ бараат заострување на односите

Техеран, 21 ноември 2025 (МИА) – Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, денеска изјави дека САД, Велика Британија, Германија и Франција бараат „заострување“, еден ден откако Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) усвои нова резолуција за нуклеарната програма на Иран.

МААЕ вчера усвои резолуција со која се повикува Иран да соработува „целосно и без одложување“.

Текстот го повикува Техеран да обезбеди целосна и брза соработка со обезбедување на информациите и пристапот до своите нуклеарни објекти што ги бара МААЕ.

„Со оглед на тоа што Е3 (неформална групација на Германија, Франција и Велика Британија) и САД бараат заострување, тие многу добро знаат дека официјалниот крај на договорот (од Каиро) е директен резултат на нивните провокации“, напиша Арагчи на социјалната мрежа X.

Договорот, постигнат во септември меѓу Иран и МААЕ, го означи продолжувањето на соработката меѓу нуклеарниот орган за надзор на ОН и Техеран, што ја суспендираше целата соработка со агенцијата во јули по израелското и американското бомбардирање на нејзините нуклеарни постројки за време на 12-дневната војна.

„Исто како и дипломатскиот пат, што Израел и САД го поткопаа во јуни, договорот од Каиро беше загрозен од Вашингтон и земјите од Е3“, рече иранскиот министер.

Арагчи претходно изјави дека пристапот до нуклеарните постројки нападнати за време на војната зависи од нов договор меѓу Иран и МААЕ.сд/паг/

фото:МИА архива

Остани поврзан