• вторник, 24 декември 2024

Иранското Министерство за образование забрани настава за ученичките и студентките без хиџаб

Иранското Министерство за образование забрани настава за ученичките и студентките без хиџаб

Техеран, 3 април 2023 (МИА) - Иранското Министерство за образование денеска соопшти дека на ученичките и студентките во училиштата и на универзитетите нема да им се дозволи да одат на настава доколку не се придржуваат кон строгите кодови за облекување.

Тоа значи дека на ученичките и студентките кои не носат шамија, односно хиџаб, нема да им биде дозволено да слушаат предавања.

Новите правила беа објавени откако минатата есен почнаа протестите низ целата земја, кои беа најсериозната криза во Иран во последните три-четири децении.

Многу жени сега се противат на строгите правила за носење хиџаб, особено во поголемите градови.

Целта на одлуката е да се создаде безбедна и погодна средина за духовен развој на учениците, стои во соопштението на министерството кое се состои од 16 точки.

Неколку ирански медиуми ја објавија оставката на министерот за образование, Јусеф Нори, која претседателот на државата веднаш ја прифати.

Како причина за оставката Нори го наведе одложувањето на исплатата на платите на наставниците пред персиската Нова Година - Новруз.

Во меѓувреме, прашањето за кодексот на облекување на жените го подели иранското општество.

Владата првично го игнорираше масовното кршење на правилата за хиџаб, но тоа ги налути традиционалните тврдолинијаши  во општеството.

Некои ирански граѓани, пратеници и верски водачи се заканија дека ќе ги преземат работите во свои раце во последниве денови ако владата не почне да ги спроведува правилата кои бараат од поединците да носат хиџаб. сд/

Остани поврзан