• понеделник, 23 декември 2024

Иранската телевизија објави признание за наводна шпионажа на двајца Французи

Иранската телевизија објави признание за наводна шпионажа на двајца Французи
Техеран, 6 октомври 2022 (МИА) - Веб-страницата на официјалната иранска телевизија на арапски јазик Ал-Алам денеска објави „признание“ за наводната шпионажа на двајца Французи уапсени во Иран во мај. Во видеото, жена која зборува француски тврди дека е Сесил Колер и дека е оперативно разузнавач во француската разузнавачка служба ДГСЕ. На 11 мај Иран објави дека уапсиле двајца Европејци „кои влегле во земјата со цел да предизвикаат хаос и да го дестабилизираат општеството“. Француските власти го осудија апсењето како „неосновано“ и побараа ослободување на приведените. На почетокот на јули, Техеран обвини двајца „француски синдикалци“ уапсени во мај за „поткопување на безбедноста“ во Иран. паг/

Остани поврзан