• сабота, 23 ноември 2024

Иранската револуционерна гарда соопшти дека 12 лица се уапсени за соработка со Израел

Иранската револуционерна гарда соопшти дека 12 лица се уапсени за соработка со Израел

Техеран, 22 септември 2024 (МИА) - Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека 12 лица се уапсени поради соработка со Израел и планирање акции против безбедноста на Иран.

-Бидејќи ционистичкиот режим и нивните западни сојузници, особено Соединетите Американски Држави, не успеаја во своите зли цели против народот на Газа и Либан, тие сега се обидуваат да ја прошират кризата во Иран со серија планирани акции против безбедноста на нашата земја, се вели во соопштението.

Револуционерната гарда додаде дека членовите на мрежата од 12 оперативци биле уапсени во шест различни ирански провинции, но не соопштија кога.

Тензиите на Блискиот Исток се зголемија откако илјадници пејџери и воки-токи користени од членовите на либанскиот Хезболах експлодираа во напад за кој нашироко се верува дека е дело на Израел. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан