• среда, 25 декември 2024

Иранската опозиција крајот на немирите во државата го гледа во нови избори

Иранската опозиција крајот на немирите во државата го гледа во нови избори
Техеран, 7 ноември 2022 (МИА) - Нови избори се единствениот начин да се стави крај на немирите во Иран, почнати по смртта на младата Махса Амини, приведена поради несоодветно носење на хиџабот во септември, смета опозициска партија, „Недостигот на политички легитимитет е најголемата закана за националната безбедност, затоа не постои друг начин, освен нови избори и зајакнување на владеењето на правото“, напиша на Твитер, Азар Менсури, генералниот секретар на Сојузот на Исламистичка народна партија на Иран. Според него, одговорните треба да ги решат „коренитите“ причини за протестите и да не се обидуваат да поминат со нерелевантни оправдувања. Властите тврдеа дека смртта на Амини била природна, но, демонстранти инсистираат оти девојката е претепана. Дел од медиумите истакнуваат дека на изненадување на многумина, протестите оттогаш само се зголемија и покрај обиди на владата насила да ги прекине. Активисти за човекови права информираа дека над 300 лица ги изгубија животите за време на протестите, а повеќе од 14.000 луѓе се приведени. бд/сд/

Остани поврзан