• сабота, 23 ноември 2024

Ирак ја истражува експлозијата во база на проиранската милиција во која загина едно лице

Ирак ја истражува експлозијата во база на проиранската милиција во која загина едно лице

Багдад, 20 април 2024 (МИА) - Ирачките власти денеска соопштија дека ја истражуваат експлозијата во воената база на борци поддржани од Иран, во која загина едно лице, а се повредени осум лица.

Официјални претставници на Народниот фронт за мобилизација (ПМФ) првично ја опишаа експлозијата во базата Калсу во централен Ирак како резултат на воздушен напад и ги обвинија американските воздухопловни сили.

Сепак, Централната команда на американската армија во соопштение негираше дека извршила какви било напади во Ирак.

ПМФ потоа попладнево излезе со ново соопштение во кое ја опиша експлозијата како резултат на „напад“, но не спомна никого.

Ирачките медиуми објавија дека ирачката противвоздушна одбрана не открила никакви беспилотни летала или борбени авиони пред или во моментот на експлозијата.

Во соопштението се наведува дека меѓу повредените има и еден припадник на ирачката армија. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан