• сабота, 23 ноември 2024

Ирак му ја одзема лиценцата на Ројтерс поради вест за коронавирус

Ирак му ја одзема лиценцата на Ројтерс поради вест за коронавирус
Лондон, 15 април 2020 (МИА ) - Ирак привремено и ја укина дозволата за емитување на британската агенција Ројтерс, откако објавила сторија во која се тврди дека бројот на заразени со коронавирусот во земјата е поголем од официјалните податоци. Ирачкото регулаторно тело за медиуми (ЦМЦ), според Ројтерс, привремено и ја одземала лиценцата на агенцијата на три месеци и ја казнила со 21 милион ирачки динари (околу 21.000 американски долари) за прекршувања на правилата за медиумско известување. Ројтерс доби наредба од ЦМЦ и да издаде официјално извинување за јавноста поради објавената вест. јт/

Остани поврзан