Ирак го затвори воздушниот простор поради нападот на Иран врз Израел
- Ирак соопшти дека го затвора својот воздушен простор и го прекинува целиот воздушен сообраќај откако Иран изврши напад со дронови врз Израел

Багдад, 13 април 2024 (МИА) – Ирак соопшти дека го затвора својот воздушен простор и го прекинува целиот воздушен сообраќај откако Иран изврши напад со дронови врз Израел.
- Воздушниот простор на Ирак е затворен и воздушниот сообраќај е запрен, изјави министерот за транспорт Разак ал-Садави за државната новинска агенција ИНА.
Управата за цивилно воздухопловство соопшти дека затворањето ќе трае од 23:30 часот до 5:30 часот по локално време. јт/