• среда, 27 ноември 2024

Инфосесија за анализата за учество на лицата со хендикеп во политичкиот и јавниот живот

Инфосесија за анализата  за учество на лицата со хендикеп во политичкиот и јавниот живот

Скопје, 22 март 2024 (МИА) - Организацијата Полио плус - Движење против хендикеп организира финална информативна сесија во рамките на проектот „Disability Alliances for Development of Inclusive Reforms in the Region (DADIRR)“ кој е поддржан од програмата Smart Balkan, финасиски поддржана од Министерството за надворешни работи на Норвешка.

Информативната сесија ќе се одржи денеска од 11 до 13 часот во просториите на Полио плус. Темата на оваа информативна сесија ќе биде презентација и дискусија на финалната верзија од анализата на законодавството во врска со учеството на лицата со хендикеп во политичкиот и јавниот живот.

-Полио плус - движење против хендикеп во соработка со ОЛХ од Косово и Албанија во следните 20 месеци ќе спроведува активности во насока на унапредување на соработката и вмрежување на органзициите на лица со хендикеп и општествените чинители од трите земји, со цел да се придонесе кон хармонизација и имплементација на правната рамка со Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп во областите на правото на пристапност до здавствените институции, како и правото на учество во политичкиот и јавниот живот на лицата со хендикеп, соопшти Полио плус. хс/вг/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан