• сабота, 23 ноември 2024

Информативен настан за третиот повик за проектни предлози од програмата за територијална соработка ИНТЕРЕГ Европа

Информативен настан за третиот повик за проектни предлози од програмата за територијална соработка ИНТЕРЕГ Европа

Скопје, 4 април 2024 (МИА) - Во Секретаријатот за европски прашања (СЕП) денеска се одржа информативен настан за третиот повик за проектни предлози во рамки на програмата за територијална соработка ИНТЕРЕГ Европа, информираат од СЕП.

Настанот бил организиран во соработка со Техничкиот секретаријат на програмата со цел запознавање на потенцијалните партнери со можностите за аплицирање на повикот, а присуствувале околу 80 претставници од централните и локалните институции.

-Третиот повик за проекти ќе биде отворен во периодот од 20 март до 7 јуни 2024 година заедно со повикот за вклучување на новите партнерски држави во проектите одобрени во рамки на првиот и вториот повик. Буџетот на третиот повик изнесува 130 милиони евра, со кои ќе се финансираат проекти посветени на сите теми од заедничка релевантност за партнерските земји, во линија со нивните регионални потреби во опсегот на кохезионата политика, информираат од СЕП.

Оттаму додаваат дека Интерег Европа e програма за меѓу-регионална соработка ко-финансирана од Европската унија. Вкупниот буџет на програмата од 379 милиони евра е наменет за поддршка на широк круг на потенцијални корисници на национално, регионално и локално ниво, преку финансирање на проекти од меѓу-регионален интерес и размена на искуства преку Платформа за учење на политики.

Според СЕП, Програмата ги обработува темите - Попаметна Европа, Позелена Европа, Подобро  поврзана Европа, Посоцијална Европа, Европа поблиска до граѓаните и Подобро управување на регионално ниво.

Соработката во рамки на Интерег Европа, појаснуваат од СЕП, се реализира на два начина и тоа преку проекти за меѓурегионална соработка и платформа за учење. сст/дма/

фото СЕП



 

 

Остани поврзан