• сабота, 23 ноември 2024

Инфлацијата во Турција во мај изнесува 11,39 проценти

Инфлацијата во Турција во мај изнесува 11,39 проценти
Анкара, 3 јуни 2020 (МИА) - Годишната стапка на инфлација во Турција минатиот месец се искачи на 11,39 проценти, додека во мај изнесуваше 10,94 отсто, соопшти Турскиот институт за статистика (ТуркСтат) . Тоа се должи, пред се на зголемените цени за превоз и на услугите во мај за 1,36 проценти проценти. На годишно ниво најголем пораст на цените во мај е  забележан на алкохолни пијалаци и тутун од 21,41 отсто и на трошоците за домување од 14,5 проценти. Инфлацијата се зголеми откако турската Централна банка ја намали каматната стапка на 8,25 отсто и се очекува инфлацијата до крајот на годината да достигне 7,4 проценти. Според турската Централна банка инфлацијата може да биде висока на краток рок, поради сезонските и новите ефекти поврзани со пандемијата со Ковид-19 врз цените на храната. ми/

Остани поврзан