• петок, 05 декември 2025

Инфантино повика на смиреност пред дуелите на Израел во квалификациите за СП

Инфантино повика на смиреност пред дуелите на Израел во квалификациите за СП

 

Рим, 9 октомври 2025 (МИА) – Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, апелираше денеска до пропалестинските демонстранти да останат смирени пред претстојните натпревари на Израел против Норвешка и Италија во рамки на квалификациите за пласман на Светското првенство 2026.

Минатата недела, пропалестинските демонстранти се собраа пред тренинг центарот на италијанската репрезентација во Фиренца, барајќи натпреварот меѓу Италија и Израел, закажан за вторник во Удине, да не се одржи, како дел од протестот што собра милиони активисти на улиците.

„Сега сите треба да бидат среќни за (мировниот план) и да го поддржат процесот. Секако, ова оди подалеку од фудбалот, но фудбалот е дел од него“, им изјави Инфантино на новинарите на маргините на собранието на Европските фудбалски клубови (ЕФК) во Рим.

Израелските фудбалери гостуваат в сабота во Норвешка, а потоа патуваат во Италија, каде што, според проценките, околу 10.000 луѓе планирале да се вклучат во протести во Удине пред почетокот на мировните преговори меѓу Израел и Хамас. ег

ФОТО: Икс

Остани поврзан